Селаковиќ: Србија не ги прифаќа резултатите од референдумите во украинските региони
Министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ изјави дека Србија не може да ги прифати резултатите од референдумите во украинските региони поддржани од Русија бидејќи, како што истакна, тоа би било целосно спротивно на српските државни и национални интереси,
– Од една страна, нашата принципиелна посветеност на принципите и правилата на меѓународното јавно право, Повелбата на Обединетите нации, а од друга страна тоа би било целосно спротивно на нашите државни и национални интереси, целосно спротивно на нашата политика на зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и посветеност на принципот на неповредливост на границите, истакна Селаковиќ на прес-конференција.
На прашањето за Договорот што беше потпишан со Русија, кој пред два дена во Њујорк во ОН тој го потпиша со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика.
– Тоа е документ кој се потпишува од 1996 година, тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а што за нас е особено важно поради Косово, нема како тема консултации за безбедносната политиката, посочи тој.
Селаковиќ рече дека со потпишаниот Договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ наведе дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише Договорот, но дека во него не гледа ништо суштински спорно на тој план за да се прекине соработката меѓу Србија и Русија.
Тој кажа дека за време на неговата посета со претседателот на Србија, Александар Вучиќ на ОН во Њујорк, биле потпишани 13 договори, протоколи и меморандуми, додавајќи дека главни теми на тие средби се однесувале на прашањето за Косово.
Ново на Сител
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози