-->
-->
Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени по Рихтер
-->
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот почувствуван попладнево бил со Рихтерова магнитуда од 3,5 степени.
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот најсилно бил почувствуван од граѓаните во Скопје со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресот беше почувствуван во 14:09 часот, а по него следуваше уште еден со послаб интензитет. Според информациите на Европскиот макросеизмички центар, епицентарот на земјотресот бил на девет километри источно од Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај