-->
-->
Сега живее во 17 квадрати – Бојан продал стан за да купи „Јагуар“
-->
Србинот Бојан Матиќ од Ваљево купил автомобил „Јагуар“ од лимитирана серија кој го посакувал уште како дете, а за да дојде до него го продал својот стан во центарот на градот, јавуваат српските медиуми.
Матиќ го чува автомобилот во затворен простор од 35 квадратни метри кој го грее и има тепих. Тој сега живее во викендичка од 17 квадрати.
- Мојот автомобил е посебен во сè и не е на продажба. На сите би им препорачал да ги следат своите соништа, изјавил тој за српската телевизија Прва.
Матиќ автомобилот го купил пред околу една година, а за да ги види реакциите на заинтересираните, во еден момент, го огласил на продажба за 121.000 евра. Неговиот „Јагуар“ е произведен во ограничена серија од само 121 примерок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости