Седумнаесет албански деца-сирачиња блокирани во Сирија

Седумнаесет деца останале сираци во Сирија, бидејќи нивните татковци се убиени на боиштата како припадници на терористичката организација ИД, јави тиранската телевизија АБЦ њуз.
„Албанските државјани кои се приклучија кон борците на ИД не се жртвуваа само себе си, туку и нивните семејства, кои ги поведоа со себе. Според албанската полиција и тајната служба -ШИШ, од 2012 горина,во Сирија и Ирак убиени се 14 албански државјани, при што седуммина од нив таму заминале со семејствата, и по нивната смрт зад нив оставиле 17 деца сирачиња.Меѓу нив и децата на деновиве загинатиот Девишлари од Подградец. Тој таму заминал со сопругата и малолетно дете, а во Сирија добиле уште едно“,наведе АБЦ њуз.
Од седумнаесетте деца само три се повозрасни, додека останатите 14 се мали.
Во телефонските разговори на сопругите на загинатите со нивните роднини во Абанија тие велат дека сакаат да се вратат со децата дома, но оти не им дозволуваат. Повозрсните деца биле ангажирани во воени активности, додека помалите следеле верска настава.
Таму се двајцата родители, сопругата и трите деца на убиениот Шериф Таушани, двете деца на Шкелзен Думани и неговата мајка, која отишла во Сирија за да го убеди да се врати, но и е забрането да се врати, а, исто така, и децата и сопругите на другите убиени Албанци, џихадисти.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
