Седумгодишно дете повредено во сообраќајна незгода во Тетово

Седумгодишно дете од Тетово се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрило автомобил „пежо“ управуван од 26-годишен жител на Бродец.
Детето со скршеница на десната натколеница е префрлено во Клиничката болница во Тетово каде му е укажана лекарска помош по што е препратено на скопските клиники за да му се изврши хириршка интервенција.
Потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека незгодата се случила вчера околу 13 часот на булеварот „Видое Смилевски - Бато“ во близина на вулканизерска работилница.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за сообраќајката е неприлагодена брзина.
Ова е втора сообраќајка на истиот булевар со пешак откако во средата Христо П. (39) од Тетово почина како последица на ударот од автомобил „фолксваген поло“ управуван од Б.А.(21) од Тетово.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
