Седумдесет и пет години од загинувањето на револуционерот Фемо Кулаков
На 75-годишнината од загинувањето на револуционерот Фемо Кулаков, претставници од Боречката организација од Неготино денеска ја посетија детската градинка што го носи неговото име и му оддадоа почит. Кон животот и делото на револуционерот кој загинал на 19 години, се осврна Блаже Настов, член на претседателството на Организацијата.
– Тој учествувал во сите младински активности против окупаторот, бил секретар на Скоевската организација во Кавадарци, засилено работел на организирање младинци за заминување во партизани. На крајот од јули 1944 година со 43 активисти од Неготино, заминал во Втората македонска бригада на Кожуф планина. Бил ангажиран во формирањето на десеттата бригада и поставен за заменик политички комесар и партиски раководител на чета. Со својот храбар и примерен однос, станал омилен раководител, потсети Настов.
Беше положено свежо цвеќе пред спомен бистата на Кулаков, а дечињата од градинката се претставија со неколку музички изведби во негова чест.
Пред присутните се обрати и директорката на градинката Јана Коцева.
Ново на Сител
-

Водата од водоводниот систем во Гостивар е безбедна за пиење
-

Јаневска: Квотите за упис се намалени на сите универзитети, завршува дистрибуцијата на учебниците во училиштата
-

Кривични за родители од Желино за запуштање на нивното дете
-

18-годишна девојка лажно пријавила дека со нож повредила непознато лице
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
