-->
-->
Седум загинати во експлозија во ресторан во западна Турција | ВИДЕО
-->
Седум лица загинаа во експлозија во ресторан во западна Турција, за која властите рекоа дека можеби била предизвикана од плинска боца.
Гувернерот на покраината Ајдин Хусеин Аксој изјави дека пет лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.
Турскиот министер за правда Бекир Боздаг на Твитер соопшти дека лицето „кое наводно ја предизвикало експлозијата“ е приведено и оти тројца обвинители спроведуваат истрага.
Аксој наведе дека работниците во ресторанот укажале дека има истекување од боцата со плин што се користи за готвење и оти тоа довело до експлозијата.
Турските медиуми јавија дека по експлозијата во ресторанот, денеска избувнал и пожар во ќебапчилница во областа Назили во истата провинција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани