Седум репрезентативки од женската фудбалска репрезентација позитивни на Ковид-19
Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на вирусот Ковид-19. Без никакви симптоми на Ковид-19 во самоизолација се две фудбалерки од Каменица Саса и пет фудбалерки од Тиверија.
Составот на македонската женска репрезентација заедно со стручниот штаб и луѓето кои се вклучени во работата на селекцијата пред почеток на подготовките за натпреварот со Франција имаа тестирање за присуство на вирусот Ковид-19. Сите членови на тимот беа во изолација и немаа меѓусебен контакт до добивањето на резултатите.
Селекторот на репрезентацијата, Кирил Изов беше принуден да прави дополнување на играчкиот кадар за натпреварот со Франција. Предводникот на женската репрезентација дополнително ги повика Сара Коларовска (ЖФК Скопје 2014), Афродита Салихи (ЖФК Скопје 2014), Драгана Гегова (ЖФК Скопје 2014), Елена Петровска (ЖФК Скопје 2014), Сара Хусеин (ЖФК СЦ Истатов) и Ана Милчевска (ЖФК СЦ Истатов).
Резултатите од вториот тест за присуство на вирусот Ковид-19 се негативни за сите репрезентативки и членови на женската репрезентација.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра утре на Националната арена „Тодор Проески“ во 21:00 часот. Директен пренос ќе врши МРТ 3.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи