Седум повредени во судар на две возила на автопатот Гостивар-Тетово
Седум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи на автопатот Гостивар-Тетово во близна на надвозникот за село Градец, информираат од СВР Тетово. Повредените се згрижени во Гостиварската болница, а повеќето по укажаната помош ќе бидат пуштени дома.
Во сообраќајката учествувале „поло“ кое го управувала П.Ф. (43) од Гостивар и „цитроен“ управуван од М.Т. (40) од Скопје.
Според првичните сознанија од увдидот кој е во тек, жената која го управувала „полото“ се обидела да избегне автомобил кој на автопатот стоел заради дефект и нагло закочила. При тоа „цитроенот“ кој се движел зад „полото“ со голема брзина го удрил во задниот дел.
Во судирот повредени се возачот и тројца сопатници во „полото“, како и возачот и двајца сопатници во „ситроенот“. Според извори од Гостиварската болница, ниту еден од повредените не е во животна опасност.
Во моментов додека трае увидот, нема прекин на сообраќајот, но се обезбедува местото на настанот.
Ново на Сител
-
Вчера пронајдени 24 мигранти, уапсени двајца криумчари од Сирија
-
При претрес во Радовиш пронајдена дрога
-
Италија и Германија наводно се заканиле со повлекување од „Евросонг“, ако Израел биде исфрлен од натпреварот
-
Пожар во Визбегово - гори отпад
-
Антонио Пандовски трча 600 км до Острог: За децата од Клиниката и свесност за попреченост
-
Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос
-
Македонски државјанин обвинет за тероризам во Швајцарија - организирал состаноци во неговиот стан
-
Вторa средба на Трамп и Нетанјаху за два дена, главна тема – прекин на огнот во Појасот Газа