-->
-->
Седум лица повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-->

Околу пладне на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода во која повредени се вкупно седум лица.
Како што извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, во близина на Пирочкиот мост, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: теренско возило со тетовски регистарски ознаки управуван од 41- годишниот гостиварец А.К. и возило „ауди" со тетовски ознаки, што го управувал Х.М.(42) од Гостивар.
-Во несреќата, возачот на „аудито" и шест сопатници од истото возило се здобиле со телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад", каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираше Јосифоски.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
