Седум лица потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Седум лица се здобиле со тешки, a осум лица со лесни телесни повреди во 10 од вкупно 15 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според податоците на СВР Скопје од сообраќај биле исклучени 21 возач кои се движеле со поголема брзија од дозволената, еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден почетник.
Исклучени биле и четири нерегистрирани возила и едно возило за претовар.
За непрописно паркирање биле издадени 51 казна, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 45 возила.
Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, еден возач за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
