Седници на собраниските комисии за локална самоуправа и за економски прашања
Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за локална самоуправа.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања измени и дополнувања на повеќе закони, поголем дел предложени од пратениците од владејачкото мнозинство. Ќе бидат разгледани измените на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за јавните претпријатија, на Законот за метрологијата, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за трговските друштва, на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за Државната статистика, на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат на Законот за стандардизација, на Законот за заштита на конкуренцијата, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за акредитација, сите во прво читање.
Членовите на Комисијата за локална самоуправа ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој и на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, двата во прво читање и предложени од пратениците од владејачкото мнозинство.
Ново на Сител
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан