Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии - Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за финансирање и буџет.
Пред членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на Инспекцискиот совет за 2024 година, Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен за 2024 година и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за 2024 година.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Финансискиот извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година ревидирани од овластен ревизор и Годишниот извештај на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија за 2024 година и Програма за работа на Фискалниот Совет на Република Северна Македонија за 2025 година.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД