Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за финансирање и буџет.
Членовите на Комисијата за надворешна политика треба да ја констатира потребата за носење на неколку предлог-ратификации. На дневен ред се Предлог-законоте за ратификација на договорот меѓу владите на Македонија и на Словенија за полициска соработка, Предлог - закон за ратификација на Договорот помеѓу Швајцарската конфедерација, претставувана од страна на Сојузната канцеларија за бегалци, Таubenstrasse 16, ЦХ-3003 Берн, и Република Австрија, претставувана од страна на Сојузното министерство за внатрешни работи, Оддел III, Heppengasse 7, А-1010 Виена, во врска со воспоставувањето и функционирањето на „Меѓународниот центар за развој на миграциската политика (ИЦМПД)“ во Виена, со измени и дополнувања, Предлог - закон за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Спогодбата од Маракеш за основање на Светската трговска организација. На дневен ред се и Предлог - закон за ратификација на Дополнителен протокол кон Европската повелба за локална самоуправа за правото за учество во работите на локалната власт, Предлог - закон за ратификација на Дополнителниот протокол 4 на Договорот за измена и пристапување на Централниот европски договор за слободна трговија и Предлог-закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Саудиска Арабија за одбегнување на двојното оданочување по однос на даноците на доход и заштита од даночна евазија.
Комисијата за труд и социјална политика треба да се изјасни за дополнувањето на Законот за вработување на инвалидни лица, по скратена постапка и за Предлог - закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, во второ читање.
Измените на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
Комисијата за финансирање и буџет денеска ќе го одржи третото продолжение на амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
-

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи поради „безобѕирно управување со возило“
