Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и иемнувањата

Во Собранието на Република Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која треба да се утврат предлог-одлуки за изменување на одлуките за составот на комисии, односно на пратенички групи за соработка со парламентите на други држави, како и на делегации на македонското Собрание во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО) и во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).
Треба да се утврди и Предлог-одлука за изменување на одлуката за составот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
На дневен ред на седницата се и утврдување на предлог-одлуки за разрешување и именување на претседател и членови на Одборите за доделување на неколку државни награди.
Членовите на оваа комисија треба да се изјаснат и за утврдување предлог-одлука за именување на член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, како и за утврдување предлог-одлука за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
