Седница на собраниската Комисија за надворешна политика
Собраниската Комисија за надворешна политика денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се три ратификации.
Пратениците треба да ги разгледаат Предлог законот за ратификација на Договорoт за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан, Предлог законот за ратификација на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, како и Предлог законот за ратификација на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите во контекст на Централно-европскиот договор за слободна трговија.
Трите договори се потпишани на 3 ноември 2022 година во Берлин од страна на претставници на Северна Македонија, БиХ, Косово, Албанија, Црна Гора и Србија.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта