Седница на собраниската Комисија за економски прашања

Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2015 година денеска ќе биде разгледуван на собраниската Комисија за економски прашања.
Во извештајот е даден преглед на активностите реализирани од страна на Регулаторната комисија за енергетика во текот на минатата година, со посебен осврт на состојбите на пазарите на енергија, состојбите поврзани со регулирањето на тарифите и цените, изготвувањето на регулативата, активностите на меѓународно ниво, а содржи и преглед на финансиското работење на Комисијата.
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија согласно членот 35 од Законот за енергетика, изготвува годишен извештај што до Собранието треба да го достави најдоцна до 31 март од наредната година.
Ново на Сител
-

Што значи стратешкиот договор меѓу Македонија и Хрватска
-

Тема на денот со Васко Наумовски, амбасадор и екс вицепремиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
