Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС денеска на седница ќе дискутира за буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година, како и за актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во нашата земја.
- Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во обраќање пред делегатите ќе ги изнесе идните заложби за лобирање на ЗЕЛС пред централната власт за обезбедување законски одредби што ќе овозможат успешно спроведување на префрлените надлежности, но и продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта во земјава, најави прес-службата на ЗЕЛС.
Како што информираат, меѓу приоритетните заложби се: изработка на нови методологии за распределба на средствата од блок дотациите; решавање на предизвиците со финансирањето на единиците на противпожарната заштита; итна имплементација на новата предлог-формула за распределба на средства за основно образование.
Ќе се дискутира за продлабочување на децентрализацијата во областа на социјалната заштита, но само доколку се обезбедат и соодветни средства за нивно квалитетно спроведување, што е во согласност и со Европската повелба за локална самоуправа.
- Донесување на Закон за општинска комунална полиција е заложба на ЗЕЛС што е доставено до Владата заедно со предлог текст на Закон. Во насока на обезбедување на нови електронски услуги за граѓанитe приоритет за ЗЕЛС е обезбедувањето на електронски систем за наплата на данокот на имот. ЗЕЛС иницираше и покренување на измени во Законот за локална самоуправа, особено во делот на покренување на соодветна постапка за одземање на мандатот на градоначалник. Активностите на ЗЕЛС одат и во насока на јакнење на капацитетите на општинската администрација преку обезбедување на квалитетни обуки што ги реализира ЗЕЛС тренинг центарот, но исто така и во натамошно безбедно одржување и поддршка за спроведување на електронските услуги за граѓаните, што ги обезбедува ЗЕЛС за општините, информираат од ЗЕЛС.
Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело во Заедницата и има вкупно 90 делегати, сите градоначалници во земјава и 9 члена на Комитетот на советите при ЗЕЛС, тело при ЗЕЛС составено од општински советници.
Најавени се изјави за медиуми на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и потпретседателите Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово и Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Ново на Сител
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
-

ЗЈО за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите
-

Португалците загрижена за ситуацијата во Мексико во пресрет на мартовскиот пријателски натпревар
