Седница на Буџетскиот совет на Собранието

Во Собранието денеска ќе заседава Буџетскиот совет. На дневен ред е Предлог- одлука за давање на финансиска согласност на Предлог-годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување во Службата на Собранието за 2025 година.
Членовите на Буџетскиот совет треба да донесат и заклучок за изменување на Заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во пратеничките групи, и да дадат мислење по Предлогот за започнување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за стварите кои поради нивна дотраеност, неисправност и технолошка застареност, не се користат од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
МИА
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
