Седмо издание на Меѓународниот театарски фестивал во Тетово

Националната установа „Тетовски театар“ е домаќин на седмиот меѓународен театарски фестивал во Тетово од утре до 2 октомври на кој ќе бидат одиграни шест претстави. Покрај театрите од Скопје и Тетово гостуваат и претстави од Турција, Албанија и Косово.
-Очекуваме граѓаните да го посетат фестивалот. Влезот е 100 денари, астуденти се ослободени од плаќање. Фестивалот е помогнат од Министерството за култура со буџет како и порано од два милиона денари, пари со кои се покриваат трошоци. Се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на уметноста во нашиот град. Нека биде недела на тетарот, истакна Бурхан Амити, актер од Тетовски театар на денешната прес конференција.
Фестивалот почнува на со претставата „Жива сфинга“ од Национален театар Косово. На 28 септември е претставата „Странци“ на Драмски театар од Скопје која ќе се изведува на македонски јазик. Домаќините Тетовски театар настапуваат на 29 септември со првата реприза на „Едно изгубено писмо“. Албаниан денс театар од Тирана, Албанија на 30 септември ќе се претстави со драмата „Јас секогаш имам една шамија во својот џеб“. Гостите од Турција, театарската група Атакент од Истанбул настапуваат на 1 октомври со претставата „Џинот со сини очи“. Последниот ден ќе се игра претставата „Зона на чекање“ од театар Миѓени од Скадар, Албанија.
Ново на Сител
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
-

Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
-

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
