-->
-->
Се утврдува причината за превртувањето на автобусот
-->
Се утврдува причината за сообраќајната несреќа што синоќа се случи на автопатот Велес - Скопје во која една жена загина, а 27 патници беа повредени.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се уште се истражува причината за несреќата и се чека извештајот од вонредниот технички преглед на автобусот.
Во сообраќајната несреќа загина 68-годишна жена, а на едно деветгодишно дете му е ампутирана раката. Потешко се повредени четири лица кои се сметени на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 19 часот кога автобус со македонски регистраски ознаки кој превезувал патници кои се враќале од летување во Грција, изгубил контрола и излетал од коловозот на автопатот Велес - Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи