Се уште неизвесна судбината на авионот кој исчезна над Медитеранот

Египетската армија доби автоматски сигнал за помош од авион, само два часа по исчезннувањето од радарите на египетскиот „Ербас А320“.
Авион на египетската компанија „Иџипт Ер“ на лет од Париз за Каиро до 66 патници и членови на екипажот рано утрово исчезна од радарите над Средоземно Море, соопшти авиокомпанијата.
- Ниту една теорија не може да биде исклучена како причина за несреќата, посочи францускиот премиер Мануел Валс.
Компанијата наведува дека авионот исчезнал 16 километри откако влегол во египетски воздушен простор утрово во 02.45 часот по локално време (01.45 по средноевропско време),
Директорот на грчката цивилна авијација истакна дека авионот исчезнал од радарите две минути откако го напуштил воздушниот простор на Грција. Пилотот разговарал со грчките контролори, но тогаш не пријавил никаков проблем.
- Авионот „Ербас А320“ најверојатно падна во море, рече портпаролот на египетското цивилно воздухопловство Ихаб Раслан.
Компанијата „Иџипт Ер“ потврди дека меѓу патниците во авионот има 30 египетски државјани, 15 француски, двајца ирачки, како и по еден државјанин на Велика Британија, Кувајт, Саудиска Арабија, Судан, Чад, Португалија, Алжир и Канада. Меѓу патниците имало и три деца.
Грција испрати два авиони и фрегата во јужниот дел на Медитеранот, каде исчезна авионот, а на островот Карпатос подготвени се хеликоптери за евентуална спасувачка мисија.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
