Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
Околу 150.000 пријави за несакани реакции поврзани со лекови за слабеење се регистрирани во Велика Британија, покажува анализа на The Times, базирана на податоци од британската Агенција за лекови и здравствени производи (MHRA).
Најголем број пријави се однесуваат на Mounjaro (тирзепатид) – 100.810, при што во 98 случаи е пријавен смртен исход. Кај Wegovy (семаглутид) се евидентирани 44.073 пријави и 37 смртни исходи, додека Saxenda (лираглутид) има 3.021 пријава и 18 смртни исходи.
Меѓу најчесто пријавуваните несакани реакции се гастроинтестиналните проблеми. MHRA, сепак, нагласува дека пријавениот смртен исход не значи дека лекот директно ја предизвикал смртта, бидејќи можна е поврзаност и со други здравствени состојби. Дополнително, една личност може да поднесе повеќе пријави.
Британската агенција претходно ги ажурираше предупредувањата за овие лекови поради зголемен број пријави за акутен панкреатитис, вклучително и тешки и фатални случаи. До тогаш биле регистрирани 1.143 случаи, од кои 17 со смртен исход.
Од MHRA посочуваат дека овие лекови за огромното мнозинство пациенти се безбедни и ефикасни, но нагласуваат дека треба да се користат според препорака и под надзор на лекар. При силна и постојана болка во стомакот, особено со гадење и повраќање, пациентите треба веднаш да побараат медицинска помош.
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
