Се уште гори пожарот кај Чернобил

Украинските спасувачки екипи се уште не успеаја да се справат со пожарот на тресет во шумите крај забранетата зона околу нуклеарната централа во Чернобил, јави ТАСС.
Според податоците на украинската Државна служба за вонредни состојби, во последното деноноќие спасувачите успеале да изгаснат слој од запален тресет на површина од само 0,3 хектари.
- Утринава состојбата е под контрола. Продолжува гаснењето на двете локализирани жаришта од запалениот тресет на вкупна површина од 5,2 хектари, се наведува во соопштението на службата.
Со претходно објавените планови се предвидуваше пожарот да биде изгаснат до средината на претпладнето.
Пожарот во забранетата зона почна на 29 јуни со палење на суви треви и притоа зафати површина од 130 хектари, а во моментов и натаму имаа тлеење на тресет.
Во последните денови во северна Украина, каде се наоѓа нуклеарката, што имаше хаварија во 1986 година, владее суво и топло време. Денешната температурата надминува 30 степени Целзиусови.
Синоптичарите прогнозираат таквото време да се задржи до сабота, кога е можно слабо заладување и краткотрајни дождови.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
