Свет
22. March 2018 - 22:17

Се урна турски воен авион, пилотот загинал

Авион Ф - 16 на турските воздухопловни сили денеска се урнал во близина на Невшехир, Кападокија при што загинал пилотот.

Несреќата се случила во близина на селото Ѓулсехир, округот Невшир, и на местото на инцидентот веднаш биле испратени тимови за итна помош и воени возила, информира градоначалникот на Невшехир Хасан Јанвери.

Генералштабот на турската армија потврди дека авионот паднал за време на тренинг лет.