Македонија
19. September 2018 - 13:40

Се уредуваат дрворедите и тревните површини во Струга

Екипите на јавното комунално претпријатие од Струга работат на редовно уредување на тревните површини и дрворедите на повеќе локации во градот.

Во рамки на тековните активности ги искастрија гранките и ги обликуваат крошните на дрвјата, а работат и на уредување кејот на реката Црн Дрим.

Секторот за уредување зелени површини ја коси тревата и го чисти отпадот од зелените површини, кој потоа се транспортира до депонија.