Се уредува новиот парк во населбата Ченто

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно работат на уредување на новиот парк во населбата Ченто, кој се протега на површина од 5 000 квадратни метри.
-Во паркот што се протега од улицата „Јужноморавски бригади“ до каналот, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ веќе го расчистија и порамнија теренот, а беше нанесена и квалитетна почва. Во тек е поставувањето на водоводната инсталација, која опфаќа нови хидранти, поп-ап прскалки со метална заштита и систем за наводнување „капка по капка“ со должина од 400 метри, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Оттаму информират дека откако екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе завршат со изградба на патеките во паркот, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе засеат трева, а во следните неколку месеци, пак, кога временските услови ќе бидат погодни, во паркот ќе бидат засадени и листопадни и зимзелени садници, а ќе бидат уредени и два алпинетуми разубавени со различни перени.
Уредувањето нови зелени површини и нови паркови во Скопје е еден од приоритетите во работата на Градот Скопје. Согласно со таа зелена политика, жителите на овој дел од општината Гази Баба за првпат ќе добијат модерен парк, нови уредени зелени површини и можност за одмор, релаксација и дружење на отворено на местото кое што претходно беше запуштено и полно со шут и ѓубре.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
