Се симна мечка од Кожув и им се наврте на пчелите во кавадаречко
Мечка уништила 13 пчелни семејства во Поткожувјето. Сопственикот на пчеларникот Златко Ташев од Кавадарци денеска информираше дека пакоста се случила во неколку наврати од 24 до 30 април годинава. Вели дека неговиот пчеларник кој е на околу осум километри од селото Бохула претрпел голема штета.
Информира дека според доказите најдени на самото место, со сигурност е утврдено дека нападот на пчеларникот е извршен од мечка. Пчелите се оградени со два реда ограда, дрвена и жичана. Ташев имал 69 пчелни семества, пред да му биде нападнат имотот.
- Веднаш до пчеларникот имам легализирана викенд куќа со струја и вода на агрегат. Кога има човек, таа очигледно не напаѓа. Овде престојува татко ми преку ден, но навечер не се решава да остане зашто навистина е опасно. За мене и за семејството сега е опасно да престојуваме овде, нагласува Ташев.
Вели дека има сознанија од жителите на овој крај дека истата мечка има направено штета и во селата Радња и Бошава.
Случајот го пријавил најпрвин во Кавадарци во Подрачната едница на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, па го упатиле во Скопје во Министерството за земјоделство, отсекот за лов. По пријавата таму, на 2 мај дошла комисија. Тие ја утврдиле фактичката состојба и му издале записник.
- Од иституциите велат треба да се тужи државата со приватна тужба, затоа што мечката е трајно заштитен дивеч и само државата може да преземе мерки и да ме обесштети, додава Ташев.
Дрка е излезено на терен и изготвен е записник, а Ташев упатен на судска постапка, потврдија и од Комисијата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година
-
Полицаец обвинет за давање поткуп на колега на ГП Долно Блаце
-
Четири возила кај „Зебра“ изгореа во пожар
-
Милевски го објави списокот за септемвриските натпревари на македонската фудбалска репрезентација
-
Андоновски: Досега забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот очекувам уште 50 да бидат забранети