Се сеќавате на Сузан Бојл која со гласот го воодушеви светот? Еве каде е и што прави денес
Сузан Бојл во 2009 година се појави на натпреварот "Britain's got a talent" и го изненади цел свет со своите пејачки способности. Неславната домаќинка од Велика Британија на аудицијата наиде на потсмев на сите во салата, додека не пушти глас. Од истиот момент кога ја отпеа песната "I dreamed a dream"стана ѕвезда и сите слушнаа за неа.
Снимката од првата аудиција до сега ја имаат прегледано 220 милиони луѓе, а многумина ја сметаат Сузан за симбол на остварените соништа. Сузан тогаш изјавила дека сакала да стане позната како Елен Пејџ, сите и се смееле, но Сузан после натпреварувањето запеа со својот идол.
Сепак, потполно исчезна, причината за тоа е како што пишуваат британските медиуми, нејзината болест, смртта на нејзината сестра, но и разделбата со првото момче. Сузан за прв пат била во врска на 53 години. Таа се обидела да си посвои дете, но не успеала. Не престала да се занимава со пеењето, но не сака да биде постојано во медиумите. Денеска вреди 33 милиони долари и понатака одржува концерти кои и се многу посетувани. Има стотици фанови и снима албуми, а оваа година покажала дека драстично ослабела.

Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
