Се самоуби индискиот ,,крал на кафето“
Еден од побогатите луѓе во Индија и сопственик на компанијата ,,Кофи деј“ , В.Г.Сидарта се самоуби откако претходно оставил проштално писмо.
Индиските власти го извлекоа неговото тело од реката Нетхавата, откако претходно тој ненадејно исчезна.
Сидарта патувал со својот возач на службен состанок, но во еден момент го замолил да застане на еден мост на реката, со изговор дека му треба воздух и дека малку ќе прошета.
Откако не се вратил , возачот во паника почнал да го бара и веднаш го известил семејството на Сидарта.
Полицијата трагаше десетина часови по телото, а нуркачи го извадиле во текот на ноќта.
Медиумите објавија проштално писмо од милијардерот, во кое наводно пишува дека се откажува и дека не може да ги издржи повеќе притисоците од својот партнер и од банките.
,,Кофи деј“ е најголема продажна компанија за кафе во Индија .
Има 1.700 продажни места во 245 градови во Индија.
Својата дејност ја прошириле и во соседните земји.
Постои од 1993 година.
Акциите на компанијата паднаа за 20 насто веднаш по објавувањето на веста за нејзиниот сопственик.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер