-->
-->
Се роди теле со две глави - Населението шокирано
-->

На една фарма во Кентаки се родило теле со две глави, а посетителите на ова место останеле во шок кога го виделе несекојдневниот призор. Фармерот Стен Мекабин, за телевизијата WDRB изјавил дека кога се пораѓала кравата мислел дека од неа ќе излезат близнаци, но набрзо сфатил дека е во прашање нешто многу чудно.
Женското двоглаво теле има два носа, две усти и четири очи. Иако може да оди, телето се движи во круг и паѓа. Стен напоменал дека ваквите животни со тешки генетски пореметувања често умираат по породувањето или се раѓаат мртви, но ова теле е посебно бидејќи тоа се однесува здраво. Петогодишната ќерка на Стен ова теле го нарекла Лаки што на англиски значи среќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто