-->
-->
Се раскинуваат договорите со „Струмица табак“
-->

Над 3.500 кооперанти кои имаат околу 3.300 тони тутун ги раскинуваат договорите со „Струмица табак“ зашто не ги исполни законските одредби за откуп и е во стечај. Тутунот веќе им го преземаат други три компании, „Сокотаб“ од Битола, „Алијанса“ од Кавадарци и грчката „Секе“.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, за раскинатите договори тутунарите мора да ја известат „Струмица табак“. Само така можат да го остварат правото за субвенции.
- Раскинувањето мора да биде од двете страни за да се остварат правата на субвенции од државата, истакна престедателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.
- Барањето кое тутунарите го доставуваат до Министерството за земјоделство со изјавата заверена на нотар, треба како препис да го достават и до „Струмица табак“ за да добијат известување дека договорот со оваа компанија двострано е раскинат. На тој начин го остваруваат правото на субвенции за предадените количества тутун, изјави Милески.
Според Сојузот, досега во земјава се откупени над 17.500 тони тутун по просечна цена од 193 денари за килограм.
- Откупот се одвива непречено, времето дозволува да се откупува и поинтензивно… Од околу 20.000 тони колку што тежи родот, се откупени над 17.500. Останува да се преземат уште 2.000 до 2.500 тони тутун. Производителите се задоволни со цената, а со овој интензитет, тутунот ќе се откупи до средината на февруари, речиси еден месец порано од законскиот рок - 15 март, нагласи Перо Ничевски од Сојузот на тутунските здруженија.
Од Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп информираат дека досега се примени околу 260 барања за раскинување на договорите што ги имаа тутунарите со „Струмица табак“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тошковски: Новогодишната ноќ помина главно мирно
-

Новогодишна донација од СВР Битола, РСБСП и ОСБСП за првото бебе во Битола
-

Напади врз полиција и апсења во Германија за време на дочекот на 2026 година
-

Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекарски служби, двегодишно дете со повреди од огнено оружје
-

Тошковски ја започна годината со посета на службениците на Солунска Глава
-

АМСМ: Сообраќајот кон ГП Ќафасан е се уште во прекин во двата правци
-

Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година
-

Првото бебе во државата е Евгенија, трето дете на семејството Камчеви
