-->
-->
Се превртело возило на Шумската полиција, нема повредени
-->
Тројца припадници на Шумската полиција поминале без повреди откако вчера нивното службено возило Лада нива се превртело на покрив, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, инцидентот се случил околу 15 часот над селото Доброште во месноста Воденица кога откажале сопирачките на возилото управувано од Х.А.(40) од Орашје по што тоа се превртело на покривот.
На шумските полицајци на помош им дошле други две лица кои минувале тука, по што, откако го искршиле задното стакло, ги извлекле од возилото.
Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот, рече Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес