Се поставува вертикална сообраќајна сигнализација во Неготино
Се поставува вертикална сообраќајна сигнализација во Неготино. Портпаролот на локалната самоуправа, Методи Митрев денеска информираше дека активностите се врз основа на годишната програма за работа на одделението за комунални работи и сообраќај при општината.
- На неколку локации во градот се започна со замена и поставување на нова вертикална сигнализација, а по завршувањето на оваа активност ќе следува поставување и на хоризонтална сигнализација. Во моментов поставувањето на вертикална сигнализација се одвива во централното градско подрачје со опфаќање на улиците „Маршал Тито“, „Партизанска“, „Ацо Аџи Илов“, „Ставре Ставрев“, „Пекарев“, „Јане Сандански“, „Борис Кидрич“ и други, соопшти Митрев.
Се очекува оваа активност да заврши за десетина дена, по што ќе се започне и со поставување на хоризонтална сигнализација. Митрев апелираше до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење додека се одвиваат овие активности, за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.
Ново на Сител
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот