Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски

Се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на Територијалните противпожарни единица во општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои храбро учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади луѓе.
-Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите, коишто директно ги погодува локалните самоуправи. Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето на тој Закон ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде на целата територија, со приоритет на град Кочани, изјави премиерот Мицкоски.
Инаку во ТППЕ-Кочани се вработени вкупно 16 пожарникари, а согласно бројот на жители во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци вкупниот број на вработени пожарникари треба да изнесува 33. Во изминатите години товарот околу обезбедување на платите, опремата и возилата е на Општина Кочани, додека останатие две рурални општини Чешиново-Облешево и Зрновци не учествуваат со финансии во функционирањето на ТППЕ-Кочани.
Ново на Сител
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
