Се гасне пожарот во близина на Смилковското Езеро
Екипа на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје во моментов интервенира во близина на Смилковско Еезеро, каде гори сува трева. Пожарот го гаснат тројца пожарникари со едно возило.
Како што изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески (БППЗ), ставен под контрола е пожарот во близина на месноста Три Круши, општина Кисела Вода, а во Раштак ноќва ќе има дежурна екипа.
Со пожарот во село Раштак, општина Гази Баба, биле загрозени неколку викенд куќи и мешана шума на поголема површина. На оваа локација интевенирале четири противпожарни возила.
Во исто време скопските пожарникари интевенирале и во близина на локалитетот Три Круши. Пожарот зафатил мешана шума и сува трева. Постоела опасност тој да се прошири кон населбата Драчево, но ставен е под контрола. На терен биле 9 пожарникари со три противпожарни возила.
Пожарникарите интервенирале и во близина на парк-шумата Гази Баба, во близина на селото Нерези. Пожарот го гаснеле шест пожарникари со две возила.
Тројца пожарникари со едно возило интервенирале и во Кондово, општина Сарај. Постоела опасност пожарот да зафати борова шума, но тоа е спречено.
Томески за МИА изјави дека најчесто добиваат пријави од граѓаните на бројот 193, по што постапуваат.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена