Се бараат нови домашни брендови за развој на социјално претприемништво

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), кој во Македонија е носител на проектот Smart Start почнува нова потрага по добри домашни брендови кои ја препознаваат потребата од развојот на социјалното претприемништво во земјава.
Проектот е кофинансиран од Европската унија и се спроведува во пет земји Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција,
Во текот на оваа година во рамки на проектот Smart Start, 10 македонски невладини организации добија грантови и поддршка да се трансформираат во социјални претпријатија, а нивното преминување од невладина организација во социјално претпријатие беше помогнато со менторирање од домашни компании кои добија признание Добар бренд.
Меѓу компаниите кои се вклучија се ОКТА, Адора инженеринг, Стопанска банка а.д Скопје, Пакомак, ЕВН, Стопанска банка-Битола и Бучен Козјак.
Поради големиот успех на проектот и интересот кој го побуди проектот и кај невладините организации кои имаат желба да работат како социјално претпријатие и кај општествено одговорните компании, ЦИКП во моментов работи на нов повик за продолжување на проектот со цел создавање нова генерација социјални претпријатија и поврзување на истите со нови Добри брендови.
Претставници од ЦИКП велат дека е потребно да се следат пет чекори за да се стане Добар бренд, а тоа е добра информираност за социјалното претприемништво, светски тренд за решавање на предизвиците во заедницата, придонес во фондот за развој на социјалното претприемништво, обезбедување менторство на барем едно социјално претпријатие, вклучување во школата за социјално претприемиштво и желба за развој на општествена одговорност и станување Добар бренд.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
