Македонија
11. January 2020 - 17:30

СДСМ: За две и пол години направивме многу повеќе за Армијата отколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години

Празните и неаргументирани прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за очајот на опозицијата, но и доказ дека СДСМ за само 2 и пол години направи многу повеќе за армијата од тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години.

Од доаѓањето на власт, СДСМ се посвети целосно на подигнување на стандардот на вработените во одбраната, како и обезбедување подобри услови за работа преку целосно опремување со униформи и чизми на сите вработени во Армијата.

Платите во Армијата за две години пораснаа од 3.000 до 6.000 денари, реформите во одбраната се на прав пат.

Со  зголемувањата на платите обезбеден е значителен пораст на основните плати, имајќи го во предвид фактот што претходно платите на вработените во Армијата беа повеќе години наназад замрзнати.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ништо не направи за Армијата, а денес секојдневно продолжува со разно разни опструкции.

Со свесното блокирање на Законот за одбрана, Мицкоски и неговите пратеници во Собранието го кршеа  Уставот и го загрозуваат остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО.

Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај.

Очајот на ВМРО-ДПМНЕ кулминира со излишни прес-конференции, неаргументирани изјави со што се потврдува дека опозицијата нема програма, идеја и тоне во страв од извесниот изборен пораз на парламентарните избори на 12 април.

Граѓаните, особено членовите на Армијата го паметат несериозниот и игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, затоа на 12 април ќе порачаат враќање на режимот нема да има никогаш повеќе.