-->
-->
СДСМ: Срамот е кај ВМРО-ДПМНЕ, таа партија работи против здравствениот систем и јавното здравје
-->
Денеска пред целата јавност ВМРО-ДПМНЕ ја покажа својата деструктивна и неодговорна улога во борбата со коронавирусот.
Денешниот протест пред министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден нивen неодговорен чин кои директно предизвикува опасност за ширење на вирусот Ковид 19.
Наместо кон зградата на Министерството за здравство, балоните со вода треба да ги фрлаат кон барокниот бел дворец, таму е срамот што со години не може да се измие, срамот за сите штети врз граѓаните и државата. Процесот на вакцинација против коронавирусот е започнат и ќе продолжи во континуитет како што ќе стигнуваат вакцините од различни производители.
Замислете, денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е одржан во непосредна близина на Инфективната Клиника каде моментално лежат пациенти со тешка клиничка слика заболени од Ковид 19.
На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им е грижа ниту за јавното здравје, ниту за здравствениот систем, туку само политичко профитерство.
Тоа го покажуваат и со денешниот протест каде се групираат на мал простор само за да покажат наводна бројност на протестот, со прекршување на мерките за заштита од коронавирусот.
Со ваквото нивното однесување го доведуваат во опасност и нивното членство и граѓаните на државата.
ВМРО-ДПМНЕ за време на целосната здравствена криза предизвикана од Пандемијата од Ковид 19 ниту еднаш не повика на почитување на мерките и задолженијата за заштита од Ковид 19.
Напротив, тие сакаат да профитираат од третиот и најопасен бран со којшто се соочува цела средна Европа, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат единствената партија во светот што е сојузник на вирусот. Почитувани, Граѓаните веќе одамна ја препознаа деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа граѓаните шест пати ги казнуваат на избори, а тоа ќе го сторат повторно на изборите наесен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип