СДСМ: Со петтиот пакет мерки помагаме на занаетчиите и самостојните вршители на дејност
Владата на Република Македонија предводена од СДСМ активно и посветено работи на спроведување на економските мерки и политики што обезбедуваат помош и поддршка за сите граѓани и компании погодени од последиците од коронакризта.
Во тек е реализација на петтиот пакет економски мерки во вредност од 160 милиони евра насочен кон спасување на работни места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството.
Со мерките од овој пакет им се помага на самостојните вршители на дејност на регистрираните занаетчии.
На регистрираните занаетчии им се овозможува решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.
Преку мерката 6 од овој пакет обезбедуваме финансиска поткрепа за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.
Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а таргет група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.
СДСМ, како одговорна партија покажува континуирана грижа и обезбедува помош и поддршка за работниците, граѓаните и стопанството.
Продолжуваме со нови мерки и политики што носат дополнителни можности за рестарт на македонската економија и шанса за сите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
