СДСМ со осуда за инцидентот со Музејот на албанската азбука

СДСМ денеска го осуди инцидентот во Битола, во кој се фрлени молотови коктели кон Музејот на албанската азбука и ги повика надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.
Во соопштението СДСМ обвинува дека насилството и омразата се потикнати лично од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поддржани од претседателот Ѓорге Иванов и оти тие водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и земјата.
Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите. Оттаму, сценаријата што имаат да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија - нема да успеат, посочуваат од СДСМ.
СДСМ ги повика граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
