СДСМ: Се враќа евтината тарифа на струјата и нема поскапување на цената
Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки со кои се надминаа сите последици од светската енергетска криза.
За само помалку од една и пол година, имаме рекордно зголемување на енергетските капацитети од обновливи извори, што придонесе за рекордно домашно производство на електрична енергија и зголемен извоз.
Благодарение на тоа, создадени се сите услови за повторно враќање на дневната евтина тарифа на електричната енергија.
Од први декември оваа година, домаќинствата секој ден од 13 до 15 часот ќе можат да користат евтина тарифа на струјата.
Од следниот месец, цената на електричната енергија за домаќинствата од првиот и вториот блок се намалува за 7,04, односно за 4,09 отсто, што значи дека и покрај враќањето на ДДВ за електрична енергија на 18 отсто, крајната цена за домаќинствата нема да се зголеми.
Со тоа, повторно паѓаат во вода шпекулациите на ДПМНЕ дека нашите сограѓани ќе плаќаат најскапа електрична енергија во регионот и дека се можни рестрикции во снабдувањето.
СДСМ како одговорна партија продолжува да презема мерки и политики што ја зајакнуваат енергетската независност и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
