СДСМ: Предвремени избори нема да има
Предвремени избори нема да има, Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски
Ништо не е променто кај Мицкоски. Ја започна годината исто како што ја заврши и како што ја тераше цела мината 2022 година.
Мицкоски нема став за ниту едно важно државно или стратешко прашање, само седи на страна, во неизвесност за својата фотелја во Белиот дворец и лелека за избори.
Предвремени избори нема да има. Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Јавните лелекања на Мицкоски, ниту пак неговите фабрикувани лаги за ново мнозинство, не можат да ги спречат реоформите ниту напредокот на земјата.
Членството во ЕУ со признаен македонски јазик и идентитет е врв на патриотизам и исполнување на стратешка цел поставена од независноста.
Предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи.
Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божиќ.
СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
