СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од патните трошоци а платите да ги вратат на граѓаните
Пратениците во Собранието се избрани од народот и се платени со пари од граѓаните, за да ги застапуваат нивните интереси, да носат решенија во интерес на граѓаните и државата.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираат и бојкотираат Собранието, кои не работат ништо, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.
Со оглед дека не ги извршуваат своите задачи за кои се платени и ја попречуваат работата на целото Собрание, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги вратат на граѓаните, затоа што во вакви околности сето тоа не треба да им следува.
Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се 40.000 евра народни пари за еден месец само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа само за основните плати.
Дополнително, пари од граѓаните добиваат и за дневници, за патни трошоци, за службени телефони.
Кога се одлучиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нека бараат плати за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата.
Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најнеодговорна и најдеструктивна пратеничка група во Собранието.
ВMРО-ДПМНЕ е единствената партија која во време на криза се обидува да го закочи нормалното функционирање на државата и да блокира се што е во интерес на граѓаните.
СДСМ силnо се спротивставува на овие блокади, нема да дозволиме тие да ја вратат државата назад.
Ќе најдеме начин да ги донесеме законите од интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
