СДСМ: Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот
Факт е дека Христијан Мицкоски, со јавно објавување на информации, се обиде да саботира сложена полициска акција, која се водеше подолг период и во чии рамки се преземаа дејствија кои имаат и меѓународни импликации.
Ова не може да го сокрие ниту еден обид за извртување на вистината од белата палата, каде расте нервозата, откако Мицкоски уште еднаш не успеа да го одбрани криминалот, а акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно.
Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.
Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски имал контакти и бил во тесна врска со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, а Мицкоски е бранител на криминалот.
Токму затоа граѓаните шест пати по ред на избори ги казнија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа тие уште долго ќе останат во опозиција.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор