СДСМ: Македонија веќе не е заробена држава
Македонија веќе не е заробена држава, граѓаните повторно ќе го поразат деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ секојдневно шири невистини и измислици во обид да го прикрие деструктивното однесување преку коешто се обидува да ја закочи македонската иднина.
Времето на криминал, насилства, задолжувања, газења на човековите права и слободи заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Македонија повеќе не е заробена држава, туку е слободна, демократска, напредна држава - пријател и партнер на регионот и демократскиот свет.
Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги прикрие реалните факти коишто велат дека платата во мај 2018 година е за 7,1 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2017 година, дека само во првиот квартал се влезени рекордни 235 милиони странски инвестиции, дека Македонија е на чекор до влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
Македонија оди напред и запирање нема. Граѓаните ги поразија погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе го поразат и нивното деструктивно однесување. ВМРО-ДПМНЕ нема да ја закочи македонската иднина. Граѓаните велат ДА за подобар живот, ДА за влез во ЕУ и НАТО, велат ДА за македонската иднина.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид