-->
-->
СДСМ и СОРОС од денеска почнуваат со блокирање на раскрсниците низ Скопје попладне
-->

Откако стана јасно дека нема ништо граѓанско во т.н. „шарена револуција“, СДСМ и СОРОС соочени со се помалиот број на граѓани кои доаѓаат на нивните протести решија да го сменат планот. Од денеска, платениците на опозицијата и соросвата фондација почнуваат со блокади на раскрсниците низ Скопје. Најавата е дека тоа ќе се случи денеска на пладне.
„Ова е блокада за правда и слобода. Ова е блокада против аболиции за криминалци. Ова е блокада за граѓанскиот глас да продре подлабоко во системот кој е окупиран од режим. Ги замолуваме сите граѓани за трпение и за поддршка!“ – велат демонстрантите на опозицијата.
Ваквиот чекор доаѓа на само еден ден откако полицијата го запре комбето на СДСМ управувано од возачот вработен во опозициската партија во кое беа пронајдени бои и опрема за уништување и сквернавење на спомениците и објектите низ Скопје.
По тоа стана јасно дека зад протестите не стојат граѓаните, туку исклучиво активисти на СДСМ и платеници на СОРОС кои за своето учество добиваат соодветни надокнади.
Во последните неколку недели, бројот на луѓе кои излегуваат на протестите на СДСМ и СОРОС од ден во ден значително се намалува. И порталите кои ги контролираат СОРОС и опозициската партија веќе не објавуваат фотогралерии за да не се види дека на улиците има едвај 300 граѓани.
Познавачите на состојбите сметаат дека блокадата на раскрсниците е чекор кој СДСМ и СОРОС го преземаат соочени со фактот дека доаѓа летниот период во кој нивните активисти ќе заминат на одмор и ќе останат без никаква поддршка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
-

Четири компании аплицирале на тендерот на Министерството за транспорт за електрични автобуси
-

Нема веќе алкохол и цигари во студенстките домови – законските измени во собраниска процедура
