СДСМ го пакува кампот пред Влада - Шаторите ќе се тргнат од улицата

Идната недела опозицијата најверојатно ќе го тргне кампот од пред Влада, јавува порталот Фактор повикувајќи се на неименувани партиски извори во СДСМ. Според информациите, СДСМ за ова веќе разговарал и на состанокот на Извршниот одбор на партијата каде идејата била да се тргне кампот од пред Влада а за понатамошното делување да се реши по најавените посети на еврокомесарот Хан и Викторија Нуланд.
СДСМ пред Владата е речи си 2 месеци. Со исклучок на првите неколку денови, во останатите, кампот на СДСМ го „чуваат“ едвај петмина, а поголема група налуѓе доаѓа во вечерните часови и за време на „дневните активности“.
Лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој додека беше дел од СДСМ беше задолжен за организација на протестите од тогашниот „Отпор“ на Бранко Црвенковски вчера за МТВ изјави дека СДСМ нема капацитет да ги радикализира протестите, бидјеќи во партијата едноставно веќе нема луѓе.
Пакувањето на кампот доаѓа откако лидерот на СДСМ Заев ги прекина преговорите откако ја виде последната анкета на ИРИ која покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема предност пред неговата партија.
Ново на Сител
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола
-

ЕУ наесен подготвува најсеопфатен пакет санкции против Русија досега
-

Епидемијата на ебола во Конго стана најсмртоносна во историјата на земјата
-

Денес времето ќе биде сончево и топло до 38 степени
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
