СДСМ: Антикризните мерки на Владата даваат резултат, горивата најниски во регионот
Граѓаните на нашата држава точат горива по најнсики цени во регионот, благодарение на намалувањето на ДДВ и на акцизата, како дел од ефикасните мерки на Владата предводена од СДСМ.
Додека цените во горивата во регионот растат, кај нас веднаш по примена на мерките, малопродажната цена на бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари за литар.
Со последното намалување цената на дизелот се намали за уште 3 денари, а на екстра лесното масло за 2,5 денари.
Според службените податоци, цената на бензинот БС-95 кај нас е за 6,7 отсто пониска во однос на просечната цена во регионот, која изнесува 1,491 евро за литар, додека цената на дизелот е за 5,7 отсто помала во Република Северна Македонија, во споредба со 1,453 евра, колку што е просечната цена во регионот.
Граѓаните во нашата држава точат бензин БС-95 со пониска цена во однос на Грција, каде бензинот е најскап и чини 1,94 евра, потоа од Албанија (1,62), Хрватска (1,57), Црна Гора (1,54), Словенија (1,503), Романија (1,5), Србија (1,45), додека во Бугарија цената е на исто ниво како кај нас од 1,39 евра за литар.
Исто е и со дизел горивото, кое во Грција се продава за 1,68 евра за литар, следува Албанија со 1,61 евро, Хрватска со 1,54 евра, Србија со 1,52 евра за литар, па Романија, каде дизелот се продава за 1,48 евра, во Словенија чини 1,47, во Црна Гора 1,43, а во Бугарија 1,37 евра за литар, колку што чини и кај нас.
Ова е доказ за ефикасноста на антикризниот пакет од 26 мерки на Владата предводена од СДСМ, со кој во најголемата светска економска и енергетска криза, цените на горивата кај нас се намалуваат.
СДСМ како одговорна партија во време на криза продолжува со реализација на мерки и политики што го заштитуваат стандардот на граѓаните и обезбедуваат одржување на економска стабилност.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Изгласан Законот за средно полициско училиште
-

Граничниот премин Евзони затворен од 18 до 22 часот по локално време
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
