Сцена како од хорор филм: Ивица наместо риба од реката извлекол човечка глава!
Ивица К. рибар од Хрватска не можел да поверува на своите очи кога од Драва наместо риба извлекол човечка глава.
- Бев сам во вторникот во чамецот и ловев некаде 50-тина метри од брегот. Јадицата ми фати нешто. Мислев дека е риба, но успеав многу лесно да ја влечам. Повлеков со раката од водата и извадив човечка глава - вели Ивица за 24сата.хр.
Недалеку од него бил и неговиот колега рибар, кој веднаш повикал помош. Тој со батериска ламба засветил и јасно видел костурска глава без коса и кожа.
- Пријателот дојде и помогна во вадењето на костурската глава од водата. Беше тешка. Во нејзе имаше вода и песок. Јадицата се закачила на местото каде што некогаш имало око - тврди Ивица.
Откако ја извадиле костурската глава веднаш повикале полиција која од нив земала изјави. На костурската глава имало останати неколку заба, па ако е потребно форензичарите ќе може да ги направат неопходните анализи.
Според последните информации, костурската глава припаѓа на некој постар маж. Со оглед на тоа дека немало органски остатоци, се претпоставува дека во водата таа поминала неколку десетина години.
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај